Во текот на ноќта имало нови напади во Сирија?

112
Фото ЕПА

Сириската војска во текот на ноќта реагирала дека над Хомс надлетувале мистериозни ракети, но од руското Министерство за одбрана негирале дека повторно имало напади. Официјална потврда за инцидентот сè уште нема.

Неколку арапски медиуми објавиле дека во текот на ноќта сириската војска пресретнала ракетни напади, еден на воениот аеродром Шаирот и другиот во Хомс. Наводно биле соборени шест мети над овие места.

Од друга страна, пак, од Пентагон демантирале дека имало било каква воена активност од страна на САД. Официјална потврда нема ни од Дамаск.

Арапската телевизија Скај Њуз, повикувајќи се на очевидци, објавила дека се чуле експлозии во текот на ноќта. Според некои од информациите објавени во медиумите, леталата припаѓале на израелската авијација.