Во Србија приведени 220 лица осомничени за оштетување на државниот буџет

Задржаните се осомничени за нанесување на штета на буџетот на Србија за неколку милиони евра, истакна Стефановиќ.

54
Фото: Филип Плавчич / српски „Курир"

Министерството за внатрешни работи на Србија задржа 220 лица во текот на последните неколку денови, осомничени за економски и криминални дела, наведе денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

– Задржаните се осомничени за нанесување на штета на буџетот на Србија за неколку милиони евра- истакна Стефановиќ.

Тој информираше дека при неколку операции се запленети 36 парчиња огнено оружје, вкучително и пет автомати и голем број куршуми.