Во Швајцарија заложничка драма и грабеж

Фото ЕПА/Енио Леанца

Во швајцарскиот западен град Шо де Фонд денеска биле задржани членовите на едно семејство како заложници, со цел да се изврши грабеж на голема количество злато.

– Шест лица, ги земале мажот, сопругата и малолетниот син како заложници, посочи полицискиот портпарол Пиер Лоис Рочаир.

Таткото, кој е сопственик на големата компанија за метал „Кендрора“ бил принуден да отиде во неговата канцеларија и да земе голема количество злато, што ја предал на крадците.

Потоа крадците ги однеле членовите на семејството во регионот Биауфонд и таму ги оставиле, а потоа изблегал и се упатиле кон француската граница.

Подоцна кинапираните лица се ослободен неповредени.

Локалната полиција во Неучател наведе дека во тек е потрагата по шестмината осомничени.

Полицијата наведе дека на лицата не се забележани траги од физичко насилство.  (МИА)