Во Куба конечно достапен мобилен интернет

За кубанскиот стандард ова е прилично висока цена, со оглед на тоа што месечната плата таму изнесува околу 30-40 долари.

157

Кубанците конечно добиваат мобилен интернет и истиот веќе е достапен во пакети преку тамошните мобилни оператори.

Првично ќе можат да купат 600 мегабајти мобилен интернет за 7 долари, или 4 гигабајти за 40 долари, во пакет со мобилна претплата. Доколку повремено сакаат да користат мобилен интернет, тоа ги чини 10 долари за 100 мегабајти.

За кубанскиот стандард ова е прилично висока цена, со оглед на тоа што месечната плата таму изнесува околу 30-40 долари.

Куба заостанува зад повеќето земји во пристапот до интернет како поради недостигот на финансиски средства така и поради долготрајните американски санкции.

До 2013-та интернет користеа само туристи, но потоа се прошири и на домашните, со поставување рутери и отворање интернет-кафулиња.