Украина го укинува Договорот за пријателство со Русија

Укинувањето стапува на сила на 1 април 2019 година. За потврдување на оваа одлука биле потребни гласовите на 226 пратеници, а „за“ се изјасниле 277 пратеници.

149
Фото Профимедиа

Украинскиот Парламент го поддржа предлогот на Порошенко за укинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија.

Укинувањето стапува на сила на 1 април 2019 година. За потврдување на оваа одлука биле потребни гласовите на 226 пратеници, а „за“ се изјасниле 277 пратеници.

Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Русија и Украина, е потпишан од страна на двајцата претседатели Леонид Кучма и Борис Елцин, на 31 мај 1997 година. Земјите официјално ги признаа меѓусебните граници и ги консолидираа принципите на стратешко партнерство и почитување на територијалниот интегритет.