Убиецот од Флорида на испитувањето зборува за демони ВИДЕО

Тој зборува дека бил опседнат од демони кои му сугерирале да убива и уништува. Тоа првпат му се случило по смртта на неговиот татко.

137

Полицијата на САД објави видео во кое се гледа испитувањето на масовниот убиец од Паркленд, Флорида, кој во февруари уби 17 лица во средно училиште.

Тој зборува дека бил опседнат од демони кои му сугерирале да убива и уништува. Тоа првпат му се случило по смртта на неговиот татко.

„Мислам дека твоите демони се само изговор. Зошто не сакаше да ги спречиш, иако си можел?“, го праша детективот.

„Сакав да ги спречам“, му одговори Круз со чудни гестови и мимика.

„Се однесуваш така, затоа што она што го кажувам има смисла, а тоа тебе не ти се допаѓа. Мислам дека ти ги сакаш своите демони“, додава тој.

„Сакам адвокат“, вели Круз на крајот од снимката и почнува агресивно да се чеша.