ЦДУ избира наследник на Меркел

72
EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Во Хамбург денеска почнува дводневната конференција на германската владејачка христијанско демократска унија  – ЦДУ на која треба да биде избран наследник на канцеларката Ангела Меркел на местото лидер на партијата.

Вкупно 1.001 делегат на конференцијата ќе го избираат новиот претседател на ЦДУ меѓу 12 кандидати, но главната борба се очекува да се води меѓу тројца од нив – актуелната генерална секретарка на партијата Анегрет Крамп Каренбауер, поранешниот координатор на пратеничката група на Демохристијаните во Бундестагот, Фридирх Мерц и министерот за здравство Јенс Спан.

Најмногу шанси и се даваат на Каренбауер, која во германската јавност е позната под прекарот АКК, е близок соработник на Меркел, која важи за кандидат чии ставови се најблиски до центристичката политика на актуелната канцеларка.

За разлика од нејзе, 63-годишниот Фридирх Мерц, е повратник во германската политика, по повеќе од една деценија минати надвор од политичкиот живот.