Трамп: Труењето на Скрипал „звучи“ како руска вина

Трамп: Труењето на Скрипал „звучи“ како руска вина

51
SHARE
Фото ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „звучи“ како Русија да е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија додавајќи дека за тоа ќе разговара со британската премиерка Тереза Меј.

– Звучи како да веруваат оти Русија е одговорна и секако тие наводи ќе ги сфатам како факт. САД ќе ја осудат Русија доколку тоа се поклопи со британските наоди – изјави Трамп пред да отпатува во Калифорнија.

Според досегашни сознанија на Британија, Скрипал и неговата ќерка биле отруени на 4 март со воен нервен агенс произведен во Русија.

(МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY