Телефонски разговор Помпео-Лавров

Државниот секретар го истакнал и ставот на САД дека доколку Русија не ги исполни обврските во однос на Договорот за нуклеарни сили со мал и среден дострел (ИНФ), постигнатиот договор ќе биде укинат за шест месеци започнувајќи од 2 февруари 2019 година.

174
Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа одржал телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.

Во оваа прилика Помпео уште еднаш повторил дека САД не отстапуваат од санкциите за употреба на хемиско и биолошко оружје поради одговорноста на Русија за нападот во Салсбури, Велика Британија.

Државниот секретар го истакнал и ставот на САД дека доколку Русија не ги исполни обврските во однос на Договорот за нуклеарни сили со мал и среден дострел (ИНФ), постигнатиот договор ќе биде укинат за шест месеци започнувајќи од 2 февруари 2019 година.

Помпео и Лавров исто така разговарале и за ситуацијата во Венецуела при што американскиот државен секретар повикал во земјата да се спроведе мирна транзиција, што би било во интерес како на САД така и на Русија, се вели во соопштението.

Помпео деновиве се наоѓа во работна посета на Источна и Централна Европа при што побара од овие земји да се спротивстават на кинеското и руското влијание.