Триесет и деветгодишна Србинка била изрешетана во својот дом пред очите на ќерките, пренесува српски „Курир”.
Уапсена била 52-годишна жена, за која се верува дека околу 02.00 часот после полноќ заѕвонила на вратата на жртвата, а штом и било отворено, со ловечка пушка ја изрешетала.
Покрај ќерките на жртвата, во домот бил и нејзиниот сопруг.
Наводно, нерасчистени семејни односи се причината за убиството.