Спасени пет деца во Банско

Спасувачките служби реагирале на повикот за помош што децата го упатиле околу 4 часот вчера попладне. Тие се во добра состојба и без посериозни повреди, но биле исплашени за она што им се случило, јавија бугарските медиуми.

219

Во Бугарија во зимското одморалиште Банско, спасени се пет деца од Србија, на возраст од 12 до 15 години, пренесоа „Вечерње новости“. Како што се наведува, станува збор за деца кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази.