Спас во последен час: Откако го извлекле и последното момче откажале пумпите за вода

115

Операцијата за спасување на последното од 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер од тајландската пештера можело да биде катастрофа, откриваат нуркачите, бидејќи пумпите за вода што ја сушеле областа откажале само неколку часа откако последното момче било евакуирано.

Нуркачите и спасувачите сè уште биле повеќе од 1,5 километар длабоко во пештерата, чистејќи ја опремата, кога главната пумпа откажала, по што нивоата на водата почнале брзо да се зголемуваат, рекоа денеска за Гардијан  тројцата австралиски нуркачи вклучени во операцијата, во првиот детален извештај за мисијата.

Триото, стационирано во „третата комора“, база внатре во пештерата, рече дека слушнале врескање и виделе светилки како „трчаат“ од тунелот, додека работниците се бореле за да стигнат до суво тло.

„Почнаа да се слушаат врисоци, бидејќи главните пумпи откажаа и водата почна да расте“, рече еден од нуркачите, зборувајќи анонимно затоа што не е овластен да коментира.

Останатите 100 работници во пештерата френетично потрчале кон излезот и биле надвор за помалку од еден час, вклучувајќи ги и последните тројца тајландски маринци и лекарот, кои поминале голем дел од минатата недела во бдеење над заробените момчиња.