Солзавец во Париз, уапсени 320 демонстранти

Уапсени се 320 луѓе под сомнение дека планирале насилство и уништување на објекти. Овие апсења претежно се случиле во близина на Елисејската палата и на плоштадот Бастилја.

73
Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На денешните протести на „жолтите елеци“ француската полиција морала да употреби солзавец за да ја разбие групата демонстранти пред Триумфалната порта.

Уапсени се 320 луѓе под сомнение дека планирале насилство и уништување на објекти. Овие апсења претежно се случиле во близина на Елисејската палата и на плоштадот Бастилја.

Портпаролката на полицијата соопшти дека на тревниците пред Елисејската палата се наоѓаат околу 1.500 демонстранти. Низ цел Париз се распоредени околу 8.000 полицајци за да се спречат насилства и нереди како од минатиот викенд.

Протести има и во други француски градови, но засега нема информации за инциденти и насилства.