Снежна бура ги затвори училиштата во САД (ВИДЕО)

Метеоролозите соопштиле дека во три американски држави се очекуваат уште врнежи во текот на денешниот и утрешниот ден.

141

Во повеќе американски држави затворени се училиштата, а пратениците ги одложиле сите седници поради снегот и бурата кои повторно го зафатија американскиот северозапад.

Во државата Вашингтон забележани се три снежни бури во февруари, а измерени се до 36 сантиметри снег.

Метеоролозите соопштиле дека во три американски држави се очекуваат уште врнежи во текот на денешниот и утрешниот ден.

За снежен удар се подготвуваат и средните држави на САД, наведува агенцијата.