Сириски медиуми: Соборени израелски ракети над Дамаск

Според  медиумот, сириските сили собориле „голем број израелски ракети“ испукани врз предградие на Дамаск од израелски воени авиони.

115

Сириската противвоздушна одбрана собори неколку ракети над Дамаск, јави државната телевизија.

Според  медиумот, сириските сили собориле „голем број израелски ракети“ испукани врз предградие на Дамаск од израелски воени авиони.

„Израелската агресија беше ограничена на напад врз складиште на аеродром близу Дамаск“, јави телевизијата.