Сирија испрати писмо до Советот за безбедност на ОН поради израелските ракети

Во писмото, наведоа сириските медиуми, пишувало дека израелските напади имале за цел да ја продолжат кризата во Сирија.

79

Сириските власти испратиле писмо до Советот за безбедност на ОН во кое бараат да се осудат ракетните напади кои Израел ги изврши врз Дамаск, јавија сириските медиуми.

Во писмото, наведоа сириските медиуми, пишувало дека израелските напади имале за цел да ја продолжат кризата во Сирија.

Претходно, еден војник посочи дека бил извршен напад во предградие на Дамаск од страна на воздушните сили на Израел.