Шпанските спасувачки служби спасиле 450 мигранти

Од нив, 294 пловеле преку Гибралтар во вкупно 17 бродови, а по уште две пловила се трага.

21

Шпанската Поморска спасувачка служба соопшти дека нејзините припадници спасиле 450 луѓе кои се обидувале да стигнат од Северна Африка до Европа.

Од нив, 294 пловеле преку Гибралтар во вкупно 17 бродови, а по уште две пловила се трага.

На друга локација, нешто поисточно, од три брода биле спасени 156 мигранти, меѓу кои имало и жени и деца.

Агенцијата за миграции на ОН наведе дека од почетокот на годината во Шпанија пристигнале повеќе од 18.000 мигранти, а само на 29 јуни се спасени речиси 800 лица.