Шинѕо Абе: Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија се искачи на 16

Абе, на состанокот на владата, изјави дека 26 лица се уште се водат за исчезнати по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,7 степени, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, што ги затрупа домови и доведе до прекин на електричната енергија и проблеми во сообраќајот, што го парализира Хокаидо.

26
Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека бројот на жртвите од силниот земјотрес на островот Хокаидо се зголемил на 16.

Абе, на состанокот на владата, изјави дека 26 лица се уште се водат за исчезнати по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,7 степени, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, што ги затрупа домови и доведе до прекин на електричната енергија и проблеми во сообраќајот, што го парализира Хокаидо.

– Околу 22.000 работници ја поминаа ноќта во акции за спасување. Владата ќе ја зголеми помошта и ќе вложи максимални напори за спасување животи, рече Абе.

Повеќе од половина од 5,3 милиони жители на островот остануваат без електрична енергија, а 42.000 домаќинства се уште се без вода.