Се урна хеликоптер во Бразил, во тек спасувачка акција

Последните години криминални групи често гаѓаа полициски хеликоптери за време на нивните операции.

30
Илустрација

Во Бразил, во близина на градот Гуанабара Беј, се урна хеликоптер, соопшти полицијата, без да прецизира колку луѓе биле во него, во каква состојба се или која е причината.

Како што пренесуваат медиумите, во тек е спасувачка акција. Телевизијата Глобо јави дека во хеликоптерот имало четири лица.

Последните години криминални групи често гаѓаа полициски хеликоптери за време на нивните операции.

Полицијата не соопшти дали хеликоптерот летал во рамки на некоја полициска операција.