САД воведе санкции кон Мјанмар поради етничко чистење на Рохинџите

Властите во Мјанмар минатата година покренаа акција против Рохинџите и досега се протерани над 700.000 луѓе во соседен Бангладеш, додека повеќе илјади загинаа.

39

САД воведе санкции против четворица воени и полициски команданти на Мјанмар и две воени единици, обвинувајќи ги за етничко чистење на Рохинџите и за кршење на човековите права, соопшти американското Министерство за финансии.

Тоа се најостри санкции на САД кон Мјанмар поврзани со муслиманското малцинство Рохинџи.

Властите во Мјанмар минатата година покренаа акција против Рохинџите и досега се протерани над 700.000 луѓе во соседен Бангладеш, додека повеќе илјади загинаа.

Во Вашингтон се уште се води полемика дали злосторствата против Рохинџите е злосторство против човештвото или геноцид, поради што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не ги опфати со санкциите највисоките воени претставници на Мјанмар.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави резултати од истражувањето и од истрагата за наводните злосторства на мјанмарските власти против Рохинџите.