САД: Санкции против Русија ќе има додека Крим не се врати на Украина

Според него, САД „не го поддржуваат и никогаш не го поддржале“ анектирањето на Крим од Москва.

130

Заменик претставникот на САД во ОН Џонатан Коен изјави на седницата на Советот за безбедност дека антируските санкции ќе останат во дејство се додека Крим не се врати во составот на Украина.

Според него, САД „не го поддржуваат и никогаш не го поддржале“ анектирањето на Крим од Москва.

Во текот на дискусијата по повод четири години од Минскиот договор, претставникот на САД ја повика Русија за негова целосна имплементација.

– Русија треба да стави крај на конфликтот, рече Коен.

Дипломатот додаде дека, како да се чини оти во Донбас има руски војници и оружје.

Во исто време, шефот на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, Ертугрул Апакан, изјави  дека во извештаите на мисијата има „конкретни факти”, кои не дозволуваат да се говори за присуството на руски трупи во источните региони на Украина.