САД ќе го зајакнат военото присуство во Германија

„Повеќе од 1.500 војници ќе бидат испратени во Германија до 2020 година“, се вели во соопштението на амбасадорот Гренел. Ова идно распоредување ќе придонесе за „зајакнување на безбедноста на НАТО и Европа", оцени Гренел.

51

САД, кои веќе распоредија повеќе од 30.000 војници во Германија, ќе го зголемат военото присуство во таа земја, соопшти денеска американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел.

„Повеќе од 1.500 војници ќе бидат испратени во Германија до 2020 година“, се вели во соопштението на амбасадорот Гренел. Ова идно распоредување ќе придонесе за „зајакнување на безбедноста на НАТО и Европа”, оцени Гренел.

Најавата доаѓа и покрај бројните критики упатени кон земјите членки на НАТО од Доналд Трамп по неговиот избор за претседател на САД. Трамп посебно ја критикуваше Германија. Тој ја критикуваше Германија и другите членки на Алијансата дека не одвојуваат доволно пари за Алијансата и се потпираат на САД за да ја обезбедат својата безбедност.

Трамп ја критикуваше Германија за трошење милијарди долари за купување гас и нафта од Русија, наместо да придонесе за трошоците на одбраната. Германија планира да потроши 1,5 отсто од својот БДП за трошоците за одбраната во 2025 година.