Пресретнат план за атентат врз Педро Санчез

Наводно, причина за планот за ликвидација била одмазда на осомничениот, кој барал преселување на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко.

129
Фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Шпанската полиција извести дека пресекле план за атентат врз актуелниот премиер Педро Санчез, а каталонската полиција преку Твитер извести дека кај осомничениот е пронајдено оружје.

Наводно, причина за планот за ликвидација била одмазда на осомничениот, кој барал преселување на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко.

Уапсен е 63-годишен Шпанец, кој дел од своите планови ги споделувал на социјалните мрежи.