Помпео: САД ќе ја продолжат истрагата за убиството на Кашоги

Америка не прикрива убиство, истакна Помпео, додавајќи дека САД ќе преземат повеќе акции за да се казнат одговорните за смртта на Кашоги.

29
Фото: EPA-EFE/Al Drago / POOL

Американската Влада ќе ја продолжи истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на денешната посета на Унгарија.

– Америка не прикрива убиство, истакна Помпео, додавајќи дека САД ќе преземат повеќе акции за да се казнат одговорните за смртта на Кашоги.

Саудискиот новинарбеше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври минатата година. По првичното демантирање на неговата смрт, Саудиска Арабија потврди дека нејзини агенти го убиле, но отфрли дека нејзини високи државни претставници се одговорни за убиството.