Полицијата во Перу заплени еден и пол тон кокаин и уапси Босанец (ВИДЕО)

164

Полицијата во Перу заплени еден и пол тон кокаин и уапси членови на криминална група меѓу кои и еден Босанец.

Босанецот Смаил Шикало, бил наводно поврзан со криминалната група ,,Америка” со која раководат Срби. Планот на шверцерите бил пратката да стигне до Европа по морски пат , за потоа на црниот пазар да заработат 80 милиони долари.

Операцијата на полицијата почнала во саботата , кога биле уапсени двајца Перуанци во чија куќа биле најдени 472 килограми кокаин.

Во втората куќа следниот ден бил уапсен Босанецот со еден Перуанец. таму во плакар бил најден повеќе од еден тон кокаин.

Биле запленети и камион со 30 пакети кокаин и уште два автомобила.