Нетанјаху призна дека израелски сили нападнале „ирански складишта за оружје” на аеродромот во Дамаск

Пред 36 часа нашата авијација нападна ирански складишта полни со иранско оружје на меѓународниот аеродром во Дамаск. Последните удари покажуваат дека сме цврсто решени за дејствија против Иран во Сирија - додае Нетанјаху. 

179
фото ЕПА

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската авијација извршила напади во петокот врз „ирански складишта за оружје” на меѓународниот аеродром близу Дамаск.

– Пред 36 часа нашата авијација нападна ирански складишта полни со иранско оружје на меѓународниот аеродром во Дамаск. Последните удари покажуваат дека сме цврсто решени за дејствија против Иран во Сирија – додае Нетанјаху.