Научници се обиделе да копаат биткоини преку компјутер во нуклеарен центар

Научници се обиделе да копаат биткоини преку компјутер во нуклеарен центар

529
SHARE

Научници од одделот за атомска и нуклеарна физика во руското научно одделение Саров се обиделе да копаат биткоини на моќните компјутери што ги поседува научниот центар.

Набргу, неколку научници кои учествувале во проект поврзан со атомски бомби, биле уапсени поради нивните обиди да ги користат компјутерите наменети за научни цели за стекнување криптовалути за лични цели.

Федералниот нуклеарен центар во Саров, на западот од Русија, е затворена област и е под специјален безбедносен режим.

Суперкомпјутерите на кои се работат доверливи работи никогаш не се поврзуваат на интернет, со цел да се заштити доверливоста на информациите од протекување во јавност. Научниците биле фатени затоа што всушност се обиделе да поврзат компјутер од нуклеарниот центар на интернет.

Одделението Саров има лабораторија каде е произведена првата атомска бомба на СССР. Истото со години било скриено од сите мапи, а за влез потребни се голем број дозволи и овластувања.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY