Најмалку 20 лица повредени во голема експлозија во Париз

Според досегашните сознанија причината за експлозијата е протекување на гас, а се отфрла секоја можна поврзаност со масовните протести на Жолтите елеци.

58

Силна експлозија која се случила во пекарница во Париз утрово ги вознемири граѓаните. Засега нема индиции дека се работи за подметната експлозивна направа.

Според досегашните сознанија причината за експлозијата е протекување на гас, а се отфрла секоја можна поврзаност со масовните протести на Жолтите елеци.

Непосредно пред експлозијата пожарникарите примиле повик за протекување на гас во зградата и во моментот на експлозијата противпожарни екипи веќе биле во зградата. Француските медиуми пренесуваат дека поголемиот дел од повредените се пожарникари, кои се обидувале да ја евакуираат зградата.

Покрај пекарницата, во експлозијата оштетени се и десетици автомобили како и дел од околните згради и излози.