Најмалку 18 загинати при бомбашки напад во Сирија

12
Фото: Профимедиа

Најмалку 18 лица загинаа при експлозија на автомобил бомба пред простории на бунтовничката коалиција Сириски демократски сили (СДФ) во местото Басира во провинцијата Дејр аз-Зур во источна Сирија, јави ДПА.

Меѓу загинатите се еден локален командант на СДФ, десетмина бунтовнички борци, како и седуммина цивили, од кои три деца.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но според претставници на СДФ, во која доминира групата Сили за заштита на народот на сириските Курди, тој е дело на џихадистичката Исламска држава (ИД).

ИД е потисната од сите сириски градови, но нејзини борци и натаму контролираат неколку помали населени места, пред се во источните пустински делови на Сирија.