Најмалку 15 мртви во снежното невреме низ Европа

Во Австрија загинало 16-годишно момче во лавина, додека било на скијање со своите родители на Алпите.

86
Фото ЕПА/ЕФЕ

Најмалку 15 лица загинаа во невремето и снежните лавини кои ја зафатија Европа во изминатата недела.

Во Австрија загинало 16-годишно момче во лавина, додека било на скијање со своите родители на Алпите. Интензивен снег се уште паѓа во најголемиот дел од Австрија и во јужниот дел од Германија.

Многу места низ Европа останаа отсечени поради снегот, а метеоролозите најавуваат дека силното невреме ќе трае до утре.