Макрон вети зголемување на минималната плата за 100 евра

72
Фото: EPA-EFE/BENOIT TESSIER /

Францускиот претседател Емануел Макрон вети зголемување за 100 евра на минималната месечна плата во Франција што работодавците нема да ги чини ништо.

Во 13-минутен телевизиски говор, осврнувајќи се на барањата на движењето на „жолтите елеци“, францускиот претседател изјави дека прогласува „социјална и економска вонредна состојба“.

Макрон, исто така, соопшти дека планираните даночни зголемувања на пензиите нема да важат за оние со приходи помали од 2.000 евра.

– Работодавачите кои можат да си го дозволат тоа треба да им платат на своите работници посебен бонус на крајот од годината, кој ќе биде ослободен од даноци и социјални давачки – рече Макрон.