Мадуро од Англија повлекува 14 тони злато

Венецуела со децении дел од своите резерви на злато ги чува во трезорите на други банки. Покојниот претседател Уго Чавез во 2011 година во Централната банка врати 160 тони злато од банки во САД и Европа, со цел да овозможи подобра контрола.

259

Двајца високорангирани функционери во Венецуела ќе отпатуваат во Лондон на разговори со претставници на Централната банка на Англија за враќање на златото во вредност од 550 милиони долари, објави „Бизнис инсајд“.

Владата на претседателот Николас Мадуро сака во земјата да врати 14 тони злато, бидејќи стравува од меѓународни санкции. Засега нема официјална потврда од Централната банка на Англија и Министерството за финансии.

Сепак, британскиот парламентарец Ендрју Ливир ја повика управата на Централната банка на Англија да не одржува таква средба со венецуелски претставници. „Целосно е несоодветно високи функционери од Централната банка на Англија да се среќаваат со лица кои поради корупција се наоѓаат на американската листа на кои им се воведени санкции. Средба со такви лица би го загрозил угледот на британската банка и Влада, во целина”, пишува пратеникот во писмото уипатено до Банката.

Венецуела со децении дел од своите резерви на злато ги чува во трезорите на други банки. Покојниот претседател Уго Чавез во 2011 година во Централната банка врати 160 тони злато од банки во САД и Европа, со цел да овозможи подобра контрола.

Критичарите на Мадуро сметаат дека златото не треба да се враќа во државата, бидејќи би можело да се користи за финансирање корупција.