Колинда му подари на Трамп дрес на хрватската репрезентација

118

Медиумите објавија фотографија од претседателот на САД, Доналд Трамп, и хрватската претседателка, Клинда Грабар Китаровиќ, која во рацете го држи дресот на хрватската репрезентација.

Хрватска вечерва на Светското првенство во фудбал го игра полуфиналниот натпревар со тимот на Англија.

Претседателката на Хрватска за време на претходниот натпревар меѓу Хрватска и Русија во Сочи го привлече вниманието на медиумите со еуфоричното навивање и облеката со која го прекрши протоколот.