Израелската Влада ќе дозволи извоз на канабис за медицински цели

26

Израелската Влада е подготвена да дозволи извоз на канабис во медицински цели, соопшти денеска Министерството за финансии на Израел.

Министерството наведе дека со закон, за кој ќе се гласа в недела, ќе се дозволи извоз на канабис за медицински цели во земјите кои дозволуваат негова употреба.

Законот ќе отвори нов пазар за израелските производители, со што ќе се зголеми инвестирањето во земјоделството и ќе се отворат нови работни места.

Владата проценува дека извозот може да донесе приход од една милијарда шекели (околу 272 милиони долари).

Во Израел осум компании одгледуваат канабис од кои повеќето отворија фарми во странство за да излезат на меѓународниот пазар.