Исланд троши повеќе струја за биткоини отколку за домаќинство

493

Потрошувачката на струја во Исланд секојдневно расте сè повеќе и ги надминува досегашните рекорди на трошење во домаќинствата и тоа само поради криптовалути.

Имено, за да се копаат биткоини потребни се помоќни хардверски компоненти на компјутерите, што значи и поголема потрошувачка на струја. Во изминатиов период, потрошената струја за копање биткоини и други криптовалути ја надминала потрошувачката за било какви потреби за домаќинството.

Жителите на Исланд веќе извесно време се едни од најпосветените блокчејн инвеститори, кои решаваат најразлични задачи за да стигнат до виртуелното место каде се добива вредност на криптовалутата.