Исчезна остров во Северна Каролина

242

Островот Шели, позната туристичка атракција во близина на Хатерас во Северна Каролина, исчезна речиси преку ноќ.

Песочниот остров, кој името Шели го добил поради големиот број на школки кои ги поседува, се изронил од Атланскиот океан речиси преку ноќ и набрзо станал голема туристичка атракција.

„Минатата година, кога и се појави овој остров, многу експерти велеа дека истиот нема да биде долгогодишен, и излезе дека се во право. Оттогаш бројните бури го разместиле песокот, а островот Шели всушност повеќе не е остров”, вели НАСА.

Новите сателитски слики објавени од НАСА покажуваат дека островот веќе не постои.

Причините за неговото уништување не се познати. Во овој случај се чини дека временските промени влијаеле во формирање на песокот и исто тие го уништиле островот кој од обичен насип на песок за кратко време прерасна во вистински остров.

Сличен пример има и во нашето соседство, во Грција, на кракот Касандра на Халкидики. Местото Посиди е познато по својот мини полуостров кој во текот на годината и по неколкупати ја менува формата, се претвора во остров, исчезнува и пак се враќа во првобитната состојба.