ИОМ: 21 тело испливало на брегот на Средоземното Море

Со ова, вкупниот број на настрадани годинава во Средоземното море се зголеми на 1.586 жртви, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

21

Вкупно 21 тело, за кои се верува дека се мигранти кои загинале додека се обидувале да стигнат до Шпанија, овој месец испливале на бреговите на Средоземното Море, соопшти денеска агенцијата за мигранти на Обединетите нации.

Со ова, вкупниот број на настрадани годинава во Средоземното море се зголеми на 1.586 жртви, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Остатоци на девет субсахарски Африканци се пронајдени на 4 септември на брегот на алжирската провинција Тлемсен, околу 200 километри од шпанскиот брег. Следниот ден се пронајдени уште четири тела на соседната плажа, спроти границата со Мароко.  Остатоци од шест мигранти, меѓу кои две жени и едно дете на 10 септември се пронајдени во мароко, соопшти ИОМ. Тело на една жена на 11 септември е пронајдено во Алмерија, а тело на млад субсахарски Африканец е пронајдено во шпанската енклава Сеути на 13 септември.