Холандски министер измислил средба со Путин, потоа дал оставка

89

Халбе Зелстра, холандски министер за надворешни работи, призна дека измислил средба со Владимир Путин во 2006, па поради тоа денеска дава оставка.

Инцидентот ја засрами коалицијата на премиерот Марк Руте, кој има парламентарно мнозинство од само еден.

Во обраќањето пред парламентот Зелстра видливо вознемирен, изјавил дека „неговиот кредибилитет е толку оштетен од овој настан што е невозможно за него да продолжи да работи на оваа позиција.“

„Јас денес не гледам никаква друга опција освен да му ја предадам мојата оставка на неговото височество Кралот,“ изјавил Зелстра пред пратениците.