Грчкиот министер за одбрана поднесе оставка поради договорот за името со Македонија

Тој му заблагодарил на премиерот за соработката и му рекол дека прашањето за името повеќе не му дозволува да биде дел од оваа влада. Деталите наскоро ќе бидат соопштени на прес-конференција.

183

Панос Каменос, претседател на партијата „Независни Грци“, која е коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, соопшти дека ја напушта Владата, пренесуваат грчките медиуми. Изјавата на Каменос беше дадена непосредно по состанокот со Ципрас на кои се обидуваа да ги надминат разликите. Каменос истакна дека со Ципрас не успеале да се договорат околу ратификувањето на договорот за името, што „Независни Грци“ не го поддржуваат.

Тој му заблагодарил на премиерот за соработката и му рекол дека прашањето за името повеќе не му дозволува да биде дел од оваа влада. Деталите наскоро ќе бидат соопштени на прес-конференција.