Градоначалникот на Гдањск е избоден со нож на бина на хуманитарен настан (ВИДЕО)

161

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович е избоден со нож додека бил на бина каде се одржувал најголемиот хуманитарен настан во Полска, објави телевизија Канал 5.

Непознат маж се качил на бината, му пришол на градоначалникот и му задал неколку убоди со нож пред шокираната публика.

Градоначалникот со тешки повреди во стомакот е префрлен во болница каде се бори за живот.