„Голдман Сакс” предвидува натамошен пад на пазарот на крипто валути

„Голдман Сакс” предвидува натамошен пад на пазарот на крипто валути

42
SHARE
Фото: EPA

Масовната продажба на крипто валутите ја намали вредноста на тој пазар за околу 500 милијарди долари, што претставува само вовед во неговиот натамошен пад, оценува „Голдман Сакс“.

Во анализата на оваа финансиска корпорација се наведува дека повеќето од крипто валутите ќе преживеат во следниот период, но дека најверојатно ќе уследи натамошен пад на обемот на вредноста на нивниот пазар.

Токму затоа, аналитичарите на „Голдман Сакс“, порачуваат дека инвеститорите би требало да бидат подготвени на можноста да загубат голем дел од својот имот.

Раководителот на истражувачкиот оддел на „Голдман Сакс“, Стив Стронгин смета дека не е исклучено вредноста на некои крипто валути да падне дури и до нула.

– Спротивно на она што би се очекувало на рационалниот пазар, изгледа дека новите валути не влијаат на намалување на вредноста на старите и се наликува дека тие се движат како една класа, изјави Сторнгин.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY