Метро станицата Черинг Крос била евакуирана и не работела повеќе од еден час поради лажна закана од бомба.
Британската полиција соопштила дека дојавата била лажна, а човекот кој се заканувал бил приведен.
Приведениот бил 38-годишен маж кој имал психички проблеми. Тој утрово стоел на шините и се заканувал дека ќе активира бомба.