Египетски муфтија забрани тргување со биткоини

251

Според египетскиот голем муфтија Шафки Алам, тргувањето со криптовалути е еквивалентно на коцкање, што е строго забрането во Исламот.

Поради тоа, тој издал фатва со којшато се забранува трговијата со биткоини, порачувајќи на властите дека треба да се зачува државната валута. Муфтијата наведува дека криптовалутите може да доведат до полесно перење на пари и шверц на стока.

Со него се согласуваат и муфтиите од Саудиска Арабија и Турција, кои сметаат дека криптовалутите се спротивни на нивната вера поради недостигот на прописи и закони за легално тргување со истите.