Драма во Јужна Африка: Спасено новороденче кое било фрлено во канализација (ВИДЕО)

За да стигнат до бебето, спасувачите го ископале подрачјето околу одводниот канал.

103
Илустрација Фото: Профимедиа

По три часа акција, во градот Дурбан во Јужна Африка, спасено е новорденче, кое било фрлено во канализација.

Случајните минувачи слушнале детски плач и ги контактирале надлежните служби.

За да стигнат до бебето, спасувачите го ископале подрачјето околу одводниот канал. Болничарите кои го прегледале бебето, велат дека тоа доживеало блага хипотермија, губење на телесната тежина, а се здобило и со неколку модрици и исеченици.

Полицијата отвори истрага за овој случај, со цел да се најдат одговорните лица кои го фрлиле и го оставиле бебето во канализација.