Белата куќа барала „сценарија” за напад врз Иран

76

Американскиот Совет за национална безбедност минатата есен побарал од Пентагон да подготви опции за напад врз Иран, откако група бунтовници поврзани со Техеран истрела гранати врз подрачје на Багдад, каде е лоцирана Амбасадата на САД, објави вчера „Волстрит џурнал”.

Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека барањето било поднесено од група предводена од советникот за безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон и тоа предизвика голема загриженост во Пентагон и во Стејт департментот.

– Пентагон го исполни барањето, но не се знае дали опциите за напад врз Иран биле испратени и во Белата куќа и дали за нив знаел и американскиот претседател Доналд Трамп.

Барањето беше иницирано од инцидент кој се случи во септември минатата година, кога три гранати беа истрелани врз дипломатски кварт во Багдад, при што немаше повредени лица.

Портпаролката на Стејт департментот, Сара Сандерс одби да ги коментира наводите на „Волстрит џурнал”, како и државниот секретар Мајк Помпео.

Наводите на „Волстрит џурнал” не ги коментираше ниту Пентагон, а исто така и Белата куќа и Советот за национална безбеност.