Во силното невреме се удави жител на Пожаревец

Тој се симнал во подземната гаража да го препаркира возилото, за да не го поплави надојдената вода, но не успеал да излезе оттаму и се удавил.

158

Во силното невреме кое вчера попладне го зафати српскиот град Пожаревац се удави 67-годишниот Ж.М.. Тој се симнал во подземната гаража да го препаркира возилото, за да не го поплави надојдената вода, но не успеал да излезе оттаму и се удавил.

Како што јавува Курир.рс подземната гаража во која се случил настанот се наоѓа во нова станбена зграда, каде влезот во паркингот не е добро заштитен поради што  гаражата се полни со вода.