Трактори блокираат патишта во Грција поради цените на горивото

Земјоделците испратија порака до Владата и бараат средба со ресорниот министер и вицепремиерот.

206

Околу 600 трактори попладнево блокираа неколку главни патишта во Грција во знак на протест поради цените на горивото.

Земјоделците испратија порака до Владата и бараат средба со ресорниот министер и вицепремиерот.

Еден од главните автопати меѓу Солун и Атина бил блокиран повеќе од два часа.

Министерот за земјоделство Ставрос Арачовис изјавил дека секогаш е отворен за средба и дијалог со засегнатите.