Србија ќе им дава 840 евра на родителите за првородените бебиња

62
Профимедиа

Министерката за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека од 1 јули родителите на првородените бебиња ќе добијат еднократна помош од 100.000 динари, (околу 840 евра).

Таа во изјава за Радио-Телевизија на Србија посочи дека за родителите на второ, трето и четврто дете родено од почетокот на оваа година ќе бидат обезбедени планираните средства.

Родителите за второ дете родено оваа година ќе добиваат 10.000 динари, секој месец, за трето дете 12.500 динари во следните 10 години, а за четврто дете 18.000 динари во следните 10 години.

– Мерките имаат за цел да го поттикнат раѓањето, истакна министерката.

Наведувајќи дека е загрижувачко тоа што 600.000 двојки немаат деца, министерката рече дека оние што станале родители со биомедицинско потпомогнато оплодување, ќе добијат уште една можност да имаат втор обид на трошок на РФЗО.

Таа рече дека ќе се работи на мотивирање на работодавачите да ги користат законските олеснувања за вработените кои се родители.