Снегот предизвика хаос во Белград (ВИДЕО)

169

Повеќе автобуски линии се во прекин денеска, откако во Белград, главниот град на Србија почна да паѓа снег, а недоволно исчистените улици го парализираа градот.

Дел од автобусите кои утрово тргнале по своите патеки, останале заглавени на некои улици и понатаму не сообраќаат. Патниците патот го продолжуваат пешки.

Во Градското сообраќајно претпријатие за Бета велат дека состојбата во Белград е катастрофална и дека автобускиот сообраќај е во прекин во неколку населби.

Сите белградски комунални служби се подготвени за најавените снежни врнежи, а во чистењето на снегот ќе бидат ангажирани околу 1.000 луѓе, изјави градоначалникот Зоран Радојчиќ.

Тој смета дека обично првите часови по паѓањето на снегот се комплицирани, но очекува дека за кусо време градот ќе биде исчистен и функционален. Ги замоли граѓаните да ги исчистат приодите кон влезовите.