Сите кои тргнувате накај Банско, Боровец – вињетка купете си од дома, нема веќе на граница

Новина е што се воведува викенд вињетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полноќ. Неделната карта ќе чини 15 лева, месечната 30 лева, тримесечната 54 лева, а годишната 97 лева.

465

Од први јануари оваа година македонските граѓани пред патувањето во Бугарија потребно е да купат електронска вињетка за патарина, кои досега беа пластифицирани за лепење на стакло и можеа да се купат на граница.

Цената на налепниците останува иста и може да се купи викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка. Налепниците се купуваат на сајтот bgtoll.bg.

Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и трансфер на средства од банка. Системот овозможува е-вињетката да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а автоматски се пресметува крајниот датум за валидност на вињетката.

По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињетка, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена. Вињетатка нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи.

Новина е што се воведува викенд вињетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полноќ. Неделната карта ќе чини 15 лева, месечната 30 лева, тримесечната 54 лева, а годишната 97 лева.